Германка добила 33 милиони евра – случајно дознала после неколку недели
Една Германка случајно го погодила џекпотот на „Баварската лотарија“, но за тоа случајно дознала дури неколку недели подоцна.
Добивката вреди неверојани 33 милиони евра, а единствената добитничка, чие име не се споменува, купила лоз во вредност од 1,20 евра со претходно пополнети броеви.
Но, како што пренесува „Скајњуз“ таа сосема го заборавила добитното ливче во својата чанта. Бројките биле извлечени на 9 јуни, според „Лото Баерн“.
WOW: A woman carried a $39 million winning ticket in her purse for weeks without realizing it.https://t.co/92G5bSzhvc
— CBS 21 News (@CBS21NEWS) July 28, 2021
Среќната жена подоцна споделила дека билетот го пронашла сосема случајно и кога дознала дека ги погодила седумте броеви, почувствувала вртоглавица.
-Парите се повеќе од доволно за мене, мојот сопруг и ќерка ми да се чувствуваат добро и да не се грижат за ништо повеќе, рече таа.
Сега среќничката ветува дека никогаш повеќе нема да купи лото-ливче, ќе води мирен живот и ќе се обиде да направи повеќе за природата.