Во Европа се пие алкохол, но каде најмногу?
Португалците се европјаните кои најчесто пијат, а Летонците и Литванците најмалку. Ова го покажува најновото истражување на Евростат, објавено по повод Светскиот ден на пивото.
Истражувањето покажало дека дури една петтина од населението во Португалија или 20,7 проценти, консумирале алкохолни пијалоци на дневно ниво. Во Шпанија овој процент е 13,0 и во Италија 12,1 проценти. Наспроти ваквите податоци, жителите на Летонија и Литванија, дневно пијат само еден процент алкохол.
Според Еуростат ако се анализираат неделните навики, тогаш Холандија, води, бидејќи околу половина од населението пие алкохол еднаш неделно или 47,3 проценти, потоа Луксембург со 43,1 проценти и Белгија со 40,8 проценти.
Месечната потрошувачка на алкохол во ЕУ, според анализите покажала дека сепак е најголема во Литванија со 31,3 проценти, Летонија со 31,1 проценти и Кипар со 30,4 проценти.
Според најновите истражувања за 2019 година во ЕУ, 8,4 проценти од возрасната популација консумирале алкохол секој ден, 28,8 проценти неделно, 22,8 проценти месечно, додека 26,2 проценти никогаш не консумирале или не консумирале алкохол во последните 12 месеци.
Анализите на Еуростат покажале дека дневната потрошувачка на алкохол се зголемува со возраста, при што оние на возраст од 15 до 24 години пијат најмалку (1,0 проценти) и оние над 75 -годишна возраст пијат најмногу(16,0 проценти).
Во сите земји-членки на ЕУ, мажите пијат алкохол почесто од жените, при што граѓаните во Данска (38 проценти) најмногу се опиваат а најмалку во Кипар и Италија по 4 проценти.