Сончево и топло до среда, од четврток посвежо
Објавено на 16 август, 2021 во 09:17
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
До среда ќе се задржи многу топло време. Дестабилизација со локална појава на пороен дожд и грмежи се очекува во среда попладне, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени, а во петок врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места.