Обвинение за прилепчанец кој извршил полов напад врз 13 годишно девојче
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти обвинителството, обвинетиот, на 20 октомври 2020 година, во Градско, извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години. Детето била во куќата на својот чичко кадешто се одржувала забава на која присуствувал и обвинетиот. Тој забележал дека девојчето се упатило кон својот дом и незабележително тргнал по неа. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака и ја затворил устата и почнал да ја влече. Потоа ја свртел кон себе и додека со едната рака и ја држел устата затворена, со другата рака ја допирал по телото. Потоа и ја ослободил устата, обидувајќи се да ја бакне, но оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош. Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом.
Бидејќи Јавниот обвинител оценил дека се уште постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, до судот достави предлог за продолжување на претходо определената мерка притвор.
Стефани Манева