Во велешката болница хоспитализирани 31 ковид пациенти
Објавено на 25 август, 2021 во 13:28
На Инфективно одделение во Општа болница Велес хоспитализирани се 31 пациент од кои 27 се потврдени позитивни на Ковид-19 и четворица се сомнителни.
На кислородна поддршка се 10 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.
Утрово на Инфективно одделение починат е пациент на педесет и четири годишна возраст од Велес, лекуван 12 дена во велешката болница.
Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева