Пливачите Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска победници на осмиот „Велешки пливачки маратон“ на езеро „Младост“ (ФОТО)

Објавено на 19 септември, 2021 во 16:58
Евгениј Поп Ацев и Јана Костадинова, победници на осмиот „Велешки пливачки маратон“

Заврши осмиот велешки пливачки маратон. Заради ковид мерките со помал број на учесници но повторно во одлична организација .На крај признанија добија најдобрите а благодарници оние кои ја помогнаа организацијата на маратонот.

Во категоријата до 11 годишна возраст најдобри беа Никола Велковски од „Вардар“ Скопје со време 12 минути и 21 секунди и кај девојките Неда Стефановска од „Нептун“ Скопје со време 13 минути и 46 секунди.

Кај рекреативците победи Дарко Поп Ацев со време 41:32 пред Методи Георгиев 54:19 и трет е Кире Лазаров со време 1 час 3 минути и 55 секунди. Во женска конкуренција Ивона Наумава е прва со време 51:52 пред  Вероника Зашевска со 56:05. Аматерите пливаа патека долга 2 500 метри.

 Во професионалната категорија на патеката од 2500 метри победи Сергеј Малјановски Арнаудовски од екипата на „Октопод“ од Скопје со резултат 38:21 пред Матеј Димитриевски од „Нептун“  Скопје со време 39:21. Кај девојките победи Лора Крстевска од „Олимпик“  Битола со време 1:09:23.

На 5000 метри најдобра е Јана Костадиновска од „ Нептун“ со време 1:18:35 прeд Ангела Смилевска со време 1:22:23 и третопласирана е Калина Стојчевска од „Младост“ Скопје со време од 1:22:24.

Кај мажите победник е Евгениј Поп Ацев со време 1:02:39 кој исплива 20 секунди порано пред Александар Илиевски со резултат 1:02:59.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.