Пливачите Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска победници на осмиот „Велешки пливачки маратон“ на езеро „Младост“ (ФОТО)
Објавено: 19 септември, 2021, во 16:58 часот
Заврши осмиот велешки пливачки маратон. Заради ковид мерките со помал број на учесници но повторно во одлична организација .На крај признанија добија најдобрите а благодарници оние кои ја помогнаа организацијата на маратонот.

Во категоријата до 11 годишна возраст најдобри беа Никола Велковски од „Вардар“ Скопје со време 12 минути и 21 секунди и кај девојките Неда Стефановска од „Нептун“ Скопје со време 13 минути и 46 секунди.
Кај рекреативците победи Дарко Поп Ацев со време 41:32 пред Методи Георгиев 54:19 и трет е Кире Лазаров со време 1 час 3 минути и 55 секунди. Во женска конкуренција Ивона Наумава е прва со време 51:52 пред Вероника Зашевска со 56:05. Аматерите пливаа патека долга 2 500 метри.

Во професионалната категорија на патеката од 2500 метри победи Сергеј Малјановски Арнаудовски од екипата на „Октопод“ од Скопје со резултат 38:21 пред Матеј Димитриевски од „Нептун“ Скопје со време 39:21. Кај девојките победи Лора Крстевска од „Олимпик“ Битола со време 1:09:23.

На 5000 метри најдобра е Јана Костадиновска од „ Нептун“ со време 1:18:35 прeд Ангела Смилевска со време 1:22:23 и третопласирана е Калина Стојчевска од „Младост“ Скопје со време од 1:22:24.


Кај мажите победник е Евгениј Поп Ацев со време 1:02:39 кој исплива 20 секунди порано пред Александар Илиевски со резултат 1:02:59.
Лазар Лазаровски


