Бектеши: Можно e олабавување на мерките за угостителските објекти, ако сите ги почитуваат протоколите

Објавено на 27 септември, 2021 во 12:56

Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување на мерките, кажа денеска  министерот за економија Крешник Бектеши  кој очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

-Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мерките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести, рече Бектеши.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.