Триесет потврдени ковид пациенти се лекуваат во велешка болница

Објавено на 12 октомври, 2021 во 17:26

Од вкупно хоспитализирани 49,  потврдено позитивни се 30, сомнителни се 12 сомнителни  и седум пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување. Денеска на кислородна поддршка се 24 пациенти.

Според портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елеонора Јованова,  на Инфективно одделение се лекуваат 27 пациенти, во Модуларна болница 12 и на Интерно 10 пациенти.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1843 тестирања и регистрирани се седум ново заболени велешани. Во исто време оздравени се пет пациенти во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.