Триесет потврдени ковид пациенти се лекуваат во велешка болница
Објавено на 12 октомври, 2021 во 17:26
Од вкупно хоспитализирани 49, потврдено позитивни се 30, сомнителни се 12 сомнителни и седум пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување. Денеска на кислородна поддршка се 24 пациенти.
Според портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елеонора Јованова, на Инфективно одделение се лекуваат 27 пациенти, во Модуларна болница 12 и на Интерно 10 пациенти.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1843 тестирања и регистрирани се седум ново заболени велешани. Во исто време оздравени се пет пациенти во Велес.
Убавка Јаневска