Жителите на „Речани“ се жалат на загадување, ЈП„Македонија пат“ тврди дека не ги загадува (ВИДЕО)
Изградија куќи во населбата Речани за да избегаат од деградираната животна средина во Велес но наидоа на нов загадувач. Најмалку илјада жители во над 200 куќи изградени по донесениот Детален урбанистички план пред две децении, се соочуваат со загадување од инсталацијата на асфалтната база на ЈП „Македонија пат“. Дел од жителите за сериозноста на проблемот, напишаа во анкетата на Генералниот повик на проектот „Гласот на граѓаните“, објавена на регионалниот веб портал Дума.мк.
За загадувањето што им го нарушува здравјето и им го отежнува секојдневното живеење во легално изградените куќи дел од нив сведочеа пред камера. Жителката Лидија Костова вели дека шеснаесет години живеат во изградена куќа, на локација оддалечена околу 50 метри од асфалтната база. Куќата ја изградиле на сопствена земја што претходно била земјоделско земјиште, очекувајќи спас од загадениот Велес. Но очекувањата на нејзиното шестчлено семејство со две малолетни деца се изјаловиле поради белиот чад што го дишат и прашината со кои се покриени дворот, куќата и покуќнината.
„Ние очекувавме, тука, како пензионери а и нашите деца кои живеат со нас по добра еколошка средина, ама видовме дека дури можеби е позагадено отколку во градот, затоа што секој ден се судруваме со прашина и издувни гасови, кои навистина се неиздржливи. Мислејќи дека ќе го избегнеме загадувањето во градот наидовме на поголема загаденост од ЈП Македонија пат, рече Костова.
Дека работењето на асфалтната база им ја загадува средината во која живеат, потврдува и велешанецот Ацо Севдинов. Тој дваесет и седум години живее во населбата, на земја, што неговото семејство со генерции произведувало земјоделски производи. Куќата е оддалече педеетина метри од постројката и затоа остатоците од согорувањето на репроматеријалите, тој и неговото семејство силно ги чувствуваат.
„Имаме и тоа голем проблем затоа што секое утро кога се пушта базата на Македонија пат има јак мирис и бела прашина. Ќерамидите ни се покриени така што изгледа како да има слана два сантиметри. Не се издржува, не можеме да отвориме, ни прозор ни врата. Многу пати сме реагирале но никогаш не ни испаднале во пресрет“, рече Севдинов.
Панорамата што ви ја доловува објективот е всушност поголемиот дел од населбата Речани. Таа е создадена со пренамена на земјоделско земјиште во градежни парцели . Одлуката ја носи Советот на Општина Велес во мандател периодот 2000-2004 година иако планските документи има носено и многу порано, во деведесеттите години на минатиот век. И тогаш и сега во овој дел од градот постои, функционира и работи , асфалтната база на ЈП Македонија пат.
Во Речани живее и велешанецот Благој Индов. Тој е поранешен член на Советот на Општина Велес во мандат од 2000 до 2004 година и сведочи дека кренал два прта за Одлука за дислокација на асфалтната база на 15 километри надвор од Велес. Индов во изјавата за Дума.мк тврди дека асфалтната база неколку години не работела но потоа се случил пресврт и постројката за асфалт повторно проработела.
„Тогаш се донесе Одлука асвфалтната база на Македонија пат да се иссели од тука.Помина одлуката на Советот и милам дека се најде локација некаде под ХИВ каде што требаше да ја исселат. Но поради финансиски проблеми на Македонија пат не успеаја. Рекоа дека тука на постоечката локација нема да произведуваат асфалт, нема да ја пуштаат базата туку дека парцелата ќе служа како возен парк. Но потоа што се случи незнам ама базава постојано работи и е неподносливо има прашина физичка има“, рече Индов.
Тимот на Дума.мк истражуваше и трагаше по одлуката за која што зборува Индов. За документот не знаат во Одделението за урбанизам во општината. Ни тие ниту министертвото за транспорт и врски немаат дигитални бази на податоци. Од министерството во телефонска комуникација, како одговор на испратени новинарски прашања, ни беше соопштено дека таков документ или бил или не бил но до тогашното Минитертво за градежништво и урбанизам. Под претпоставка и да се случило испраќањето , периодот од две и повеќе децении, бил премногу долг за сега да може лесно да се најде. Постапката ја обременувало и спојувањето на ова минитертво со второто, за телекомуникации, по што стана Министерство за транспорт и врски.
На конкретното барање за решение на проблемот отвореност и транспарентност покажа велешката подружница на „ Македонија пат“. Ги стави на увид документите А интегрирана еколошка дозвола за работа и резултатите од мерењата на сертифицирана лаборатотија.
Првиот документ е добиен на 22 мај 2017 година, а вториот е од 17 мај годинава. Асфалтната база, редовно, согласно законската обврска ја контролира работата на постројката преку мерења на квалитетот на воздухот. Резултатите од мерењата ги доставува до овластен еколошки инспектор.
„ А интегрирана еколошка дозвола не се добива така лесно. Таа треба да се заслужи, да се исполнат одредени критериуми за да се добие. Сакаме да работиме поред законските прописи и не би сакале да штетиме на задравјето на никого. Треба да се направат соодветни проценки кој е степенот на загадување, дислокација на базата надвор од населено место е голем зафат. Поставувам прашање ако постои таков интензитет што енормно влијае врз здравјето на граѓаните и ја нарушува животната средина, тоа треба стручни лица да направат ппроценки во делот што ние тука правиме и колку е тоа опасно како прво и како второ финансиските можности дали може да дојде до дислокација“, рече Ѕвонко Коцевски в.д раководител на подружницата на ЈП „Македонија пат“ Велес.
Редовните контроли ги прави лабораторијата „Еуро мак Контрол’ од Скопје. Од мерењата направени годинава, на 25 мај, резултати покажуваат дека присуството на сулфур диоксид, јаглерод диоксид и азотни оксиди во воздухот кај инсталацијата е помалку од МДК за 29,17 мг на м3 воздух.
Освен оваа контрола, јавното претпријатие е под редовна контрола и на Државниот инспекторат за животна средина. Доколку нема пријави од граѓани, државен инспектор прави контрола на инсталацијата еднаш годишно. Годинава, на сфалтната база, контролата е направена на 14 мај. Инспекторот ги контролирал оџакот, котелот и филтерот на постројката. Во извештајот стои дека измерените вредности на емисии на јаглерод диоксид, сулфур диоксид и азотни оксиди се во дозволени концентрации. Во производството на асфалт се користат репроматеријалите дробен камен и бетомен.
Овие резултатите од овластената лабораторија и извештајот на државниот инспектор покажуваат дека асфалтната база не ја загадува животната средина.
И покрај тоа што жителите на Речани досега не се пожалиле кај екологистите во Велес, претседателката на ЕД Вила Зора, Сашка Коцевска ги повика да го сторат тоа доколку се соочуваат со еколошки проблеми. Еколгистите имаат поставено три мерни станици во градот кои го мерат квалитетот на воздухот и ги ловат еколошките инциденти.
„ И тите мерни станици се поставени по насоки на реакции од граѓаните, една има во центарот на градот, една во месноста Шорка и една кај Градскиот саат. Како што кажав не сме добиле доега реакции на граѓани од тој дел на градот, а секако во план сме да поставиме уште три мерни таници во градот. Секако дека една од мерните станици би поставиле во тој дел. Мерните станици мерат девет параметри и секое загадување што ќе се појави тие ќе го регистрираат.“ додаде Коцевска.
Решението на овој проблем на жителите на Речани засега нема да се случи со дислокација на асфалтната база. Но за тимот на Дума.мк исто така е симптоматичен и предвидот што е направен пред дваесет години со носењето на Урбанистичкиот документ за населба Речани како и планските документи во деведесетите години на минатиот век, по што следи пренамена на земјоделскто земјиште во градежно. Зошто се парцеризирале нивите на кои што претходно со децении се произведувале зеленчук и овошје, веднаш спроти асфалтната база, единствено знаат само тогашните локални функционери. Но, тие не се меѓу живите.
Истражувачки тим на Дума.мк
Убавка Јаневска
Даниела Саздова