Вирусот најмногу се шири кај младите, за една недела 38 лица по вторпат станале позитивни
Вчера беше забележан повторен раст на бројки т.Според информациите на министерството за здравство вчера беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје.
Според информациите на ИЈЗ минатата недела најмногу вирусот се ширел кај населението од 20 до 29 години.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 38 реинфекции, зголемување од 5,6% во однос на претходната недела. Од почетокот на пандемијата до 31.октомври вкупно се регистрирани 734 лица кои што по втор пат станале позитивни на ковид-19, информираат од ИЈЗ.
Според нив последната недела битката со коронавирусот ја изгубиле 71 лице, од кои што најмногу во Скопје каде од ковид-19 починале 18 лица, а останатите во 22 градови ширум земјава.
Најголемиот дел од починатите лица припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (5), 30-39 години (2) и од 10-19 години (1 лице).
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ моментално се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.