Во дербито на втората футсал лига победа на КМФ„Кеги Моби“ и постхумни признанија за играчот и тренерот Ристе Гиовски (ФОТО)
Вистинско дерби одиграа двата состава и покажаа зошто ги сметаат за најсериозни аспиранти за освојување на првото место во лигата.
Домашните во првото полувреме беа подобри и со головите на Тодоровски во 8 минута и на Трајков во 10 минута имаа предност од два гола.
Во второто полувреме кавадарчани се отворија и гледавме шанси на двете страни кои се редеа како на филмска лента.
Гостите со голот на Чоков, во 23 минута, го намалија водсвото и до крајот гледавме неизвесен натпревар. Напаѓачите создадоа по десетина шанси, имаше врвни одбрани ,удари во диреците и покрај нив.
На крајот од натпреварот заслужено победи„Кеги Моби“ пред се поради одбраните на голманот Даниел Стефаноски. Тој не го криеше задоволството.
-Ова беше одлична средба, со многу шанси. И јас и колегата од спротивната страна бевме на висина на задачата. По три кола имаме три победи, одлично стартувавме, рече Стефаноски.
Пред почетокот на натпреварот му се оддаде почит на прерано починатиот велешанец Ристе Гиовски, долгогодишен играч и тренер во футсалот. На неговиот син Стојан и внукот Ристе Гиовски клубот им додели постхумни признанија за нивниот татко и дедо кој доби многу натпревари но, за жал поради тешка болест го загуби најзначајниот, животот.
Лазар Лазаровски