Времето денес облачно и студено

Објавено на 15 ноември, 2021 во 09:32

Времето наутро по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот со умерена, а во западните и југозападните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во текот на утрешниот ден променливо облачно со поголема ниска облачност во југозападните делови и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.