МВР: 401 санкции за брзо возење
Објавено на 16 ноември, 2021 во 10:38
Во текот на вчерашниот ден, 15 ноември, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 401 возач.
Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 230 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 171 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.