Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Починатата жена е на возраст од 88 години. Таа имала оперативен зафат на колк, боледувала од хронична белодробна болест и од хипертензија, информираа од болницата.
Во моментов во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 52 ковид пациенти од кои 35 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и 13 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 17 ковид пациенти, соопшти портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од вкупниот број на лежечки болни по 22 се лекуваат на Инфективно одделение и во Модуларна болница додека осум пациенти на Интерно одделение.
Во текот на денот примени се осум пациенти од кои пет на Инфективно одделение и тројца на Интерно одделение и во Модуларна болница.
Од болничко лекување испишани се двајца пациенти како оздравени.
Стефани Манева