Од полноќ поевтинува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 15.11.2021 година.
-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.
Од 23.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,245 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,511%, кај дизелот за 4,234 %, кај екстра лесното масло за 4,294 % и кај мазутот намалување е за 3,366%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,356 %, соопштија од РКЕ.