РКЕ: Бензинот останува со иста цена а дизелот поевтин за 4 денари
Објавено: 11 мај, 2026, во 13:41 часот
Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78% во однос на одлуката од 4 мај, годинава.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/литар.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– за моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС по 95, 85 денари за литар,
-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 за 86.50 денари за литар,
– дизелот ќе се продава за 89,50 денари за литар и
– екстра лесното масло за горење за 94 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 49,968 ден/кг.


