Нови шест афоризми на афористичарот Никола Бошков – „Коки“
На почетокот на работната недела афористичарот Никола Бошков – „Коки“ со шест нови афоризми. Повторно целта му е да ве отргне од секојдневните грижи или проблеми и притоа за момент да ве насмее.
-За да успее во животот,на жената и е доволно да повлече само еден,единствен паметен потег: да се омажи за глупав маж.
-Кога покрај брачните кревети би постоела книга за жалби,жените никогаш не би го испуштале пенкалото од раце.
-Само наивните мажи во бракот го превртуваат другиот лист, мудрите ј превртуваат…сопругата.
-Со секс треба да се започне многу рано,пред да запее петелот што го буди комшијата.
-Од лоша жена ниту алхемичарите не можат да направат злато.
-Колку на спортистките нозете им се подолги,толку треба таванот да е повисок.
Афористичар
Никола Бошков – Коки