Почина маж од Ковид-19 во ЈЗУ Општа болница Велес
Објавено: 14 декември, 2021, во 12:27 часот
Починатиот е на педесет и седум годишна возраст од Св. Николе, со ковид пневмонија, хипертензија и бубрежна слабост.
Во моментов на болничко лекување во велешка болница се 32 пациенти од кои 22 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и четворица се со негативе тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се четворица нови пациенти.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 25 и на Интерно Б одделение седум, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 20 ковид пациенти.

Во изминатото деноноќие од болничко лекување испишани се четворица пациенти како оздравени.
Стефани Манева



