Даниел Илиќ го фати светиот Крст во Градско
Објавено на 19 јануари, 2022 во 12:50
Повеќе стотини присутни на мостот на реката Вардар крај село Уланци го проследија чинот на осветување на водите и фрлањето на крстот во општина Градско. По крстот скокнаа десетина граѓани а најбрз меѓу нив беше Даниел Илиќ.
Среќниот Илиќ со подароци го даруваа општина Градско, Повардарска Епархија и бројни подржувачи на настанот. Од Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков среќниот годинешен фаќач на Крстот доби златен ланец со привезок крст, од Повардарска Епархија икона и библија додека бројни подароци доби и од граѓани на општината.
Убавка Јаневска