ССОУ„Коле Неделковски“ со половина милион евра грант ќе ја реконструира училишната машинската работилница

Објавено на 4 февруари, 2022 во 15:34

Проект за опремување со современи машини во училишната работилница подготвен од учениците од дуалната паралелка Техничар за производно машинство заедно со неколкумина наставници и директорката на ССОУ„Коле Неделковски“  е  избран  за финансиска поддршка од страна на КФВ банка и Регионален фонд за предизвици. Проектот е во вредност од 500.000 евра и досега е најголема инвестиција во училиштето.

Ова велешко средно стручно училиште, за добивање на грантот,  настапи во конзорциумот што го сочинуват и социјалните партнери  поточно компаниите  „Маркарт“, „Брако“ и „Ронтис“. Донаторите изминатиов понеделник, на 31 јануари, со писмо го информирале училиштето дека е еден од вкупно осумте добитници во Северна Македонија или седумте средни училишта и Машински факултетна УКИМ.

-Најдоцна за два месеци ќе започнат предвидените активности според кои комплетно ќе се реновира машинската работилница во училиштето, ќе се набавуваат нови машини,  опрема и алати. Исто така ќе се реализираат и специјализирани обуки, рече директорката Весна Стојанова Богоевска.

Овој проект на ССОУ„Коле Неделковски“ поддржан е и од Министерство за образование и наука како и од Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.