ССОУ„Коле Неделковски“ со половина милион евра грант ќе ја реконструира училишната машинската работилница
Проект за опремување со современи машини во училишната работилница подготвен од учениците од дуалната паралелка Техничар за производно машинство заедно со неколкумина наставници и директорката на ССОУ„Коле Неделковски“ е избран за финансиска поддршка од страна на КФВ банка и Регионален фонд за предизвици. Проектот е во вредност од 500.000 евра и досега е најголема инвестиција во училиштето.
Ова велешко средно стручно училиште, за добивање на грантот, настапи во конзорциумот што го сочинуват и социјалните партнери поточно компаниите „Маркарт“, „Брако“ и „Ронтис“. Донаторите изминатиов понеделник, на 31 јануари, со писмо го информирале училиштето дека е еден од вкупно осумте добитници во Северна Македонија или седумте средни училишта и Машински факултетна УКИМ.
-Најдоцна за два месеци ќе започнат предвидените активности според кои комплетно ќе се реновира машинската работилница во училиштето, ќе се набавуваат нови машини, опрема и алати. Исто така ќе се реализираат и специјализирани обуки, рече директорката Весна Стојанова Богоевска.
Овој проект на ССОУ„Коле Неделковски“ поддржан е и од Министерство за образование и наука како и од Општина Велес.
Убавка Јаневска