Афористичарот Бошков – „Коки“: Внимателно со соседите и за месецот февруари!!

Објавено на 7 февруари, 2022 во 10:30

Што се се случува во месец февруари и што го предизвикало велешкиот афористичарот Никола Бошков „Коки“ да ги напише најновите свои шест афоризми ќе дознаете штом ги прочитате малку подолу. ?

-Се чувствувам мошне непријатно кога некои луѓе ми ги покажуваат забите но, вчудоневиден сум кога тоа го прават и оние што немаат ниту заб во устата.

-Се поголема е бројката на оние што ги забележуваат мачките само во февруари.

-На љубовните средби мнозина мангупи поаѓаат малку  поднапивнати – за да се охрабрат, а потем се вадат дека не се во состојба – од алкохолот.

-Комшијата е затоа да ви се најде тогаш кога сте во невоља, меѓутоа многу е непријатно ако тој ви се најде… в кревет.

-Видно нерасположен соседот ми се пожали, вели: во нашето брачно гнездо некој става туѓи јајца.

-Во обидот да направи ОСУМКА , нашиот лизгач се здоби со скршеници на нозете: со едната нога правеше петка: а со другата…тројка.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.