Најмногу снег и најстудено во Маврови Анови
Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде утринава до седум часот се измерени 47 сантиметри, потоа на Попова Шапка 25, Пожаране 23, Крушево 22, Битола 13, Ѓуриште 9, Охрид пет и Берово три сантиметри.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврови Анови каде се измерени -12 степени, во Битола -7, Охрид – 6, во Крива Паланка, Дебар и Попова Шапка се измерени – 5, во Крушево -4, во Тетово, Берово и Претор – 3, во Прилеп и Струмица – 2, во Виница -1. Најтопло било во Гевгелија, каде се измерени пет степени.
Во првата половина од ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време, а изутринава е умерено до значително облачно. Дуваше слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец.
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне во западните делови, а до крајот на денот насекаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.