Велешанец со остар предмет го нападнал својот татко
Објавено: 3 март, 2022, во 10:56 часот
Дваесет и четири годишниот Р.С од Велес во текот на вчерашниот ден по вербална расправија во семејната куќа во Велес со остар предмет му нанел повреди на неговиот 54 годишен татко.
-Полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Р.С и бил приведен во полициска станица, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
По целосно докуметирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева


