Заверен пласманот во првата футсал лига – КМФ „Кеги моби“ – КМФ „Мал Ајакс“ 6:0
Мотивираните игачи на „Кеги Моби“ го декласираа противникот и се реваншираа за поразот во Штип. Уште на стартот се виде дека домашните ќе се потрудат што побрзо да ја завршат работата и да стигнат до бодевите кои значат пласман во првата лига. Веќе во втората минута Трајков е присебен и носи водство. Во 11 тата минута Ивановски со вистинска „бомба“ од речиси половина терен постигна ефектен гол за 2:0. Во 18-тата минута Трајков и во 19 -тата Спасовски ја обезбедија победата. Во вториот дел во 28 минута Давчевски наголеми на 5:0 а конечниот резултат го постави Петров кој со гол ја круниса одличната игра.
По средбата, Панче Нанев, тренерот на „Кеги Моби“ не го криеше задоволството.
-Ги надигравме во сите елементи. Играчите одиграа максимално мотивирано со оглед на фактот што со победата го заверувавме пласманот во првата лига. Наредниот натпревар против „Форца“ ќе биде празник за фудбалот. Обете екипи обезбедија пласман во првата лига. Поуспешниот ќе биде победник во годинешново првенство. Ќе се игра за престиж. Им благодарам на гледачите и сите кои ни даваа подршка.”
Лазар Лазаровски