Повреден пешак во Кавадарци
Објавено: 19 април, 2022, во 12:32 часот
Во Полициска станица Кавадарци, во текот на вчерашниот ден било пријавено дека на улица „Мито Хаџи Василев Јасмин“, патничко возило „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од седумдесет и четири годишниот С.Т од Кавадарци, удрило во пет години повозрасниот Н.Н.
– Во несреќата Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.
Стефани Манева




