Лишени од слобода дилер на кокаин и наркоман во Неготино

Објавено на 3 август, 2022 во 16:00

Вчера вечер, триесетина минути пред полноќ, во неготинското село Пепелиште, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода М.М.(26) и Ѓ.М.(32) од Неготино.

При преглед кај Ѓ.М. бил пронајден кокаин, кој претходно го набавил и му овозможил на М.М да го користи.

„Двете лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.