Поднесени над 50 барања за проценка на штети по невремето во Неготино

Објавено на 18 август, 2022 во 10:15

Поднесени се над 50 барања за проценка на штети по невремето што го зафати Неготино во вторникот попладне, информираат од неготинската локална самоуправа.

-Страшното невреме што ја зафати нашата општина предизвика големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини. Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општината Неготино формираше комисија за проценка на штети која работи на терен, соопштуваат од локална самоуправа Неготино.

Во невремето проследено со силен ветер и дожд, настрадаа повеќе кровови од семејни куќи во градот и селото Тимјаник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.