По 19-ти пат Меѓународен салон на стрип и 4-та Стрип колонија „Велес 2022“
Сите изработени дела коишто пристигнале на меѓународниот конкурс за стрип ќе бидат изложени на 19-тиот Меѓународен салон на стрип „Велес 2022“ којшто ќе биде отворен утре, 22 септември, во велешкиот Ликовен салон. Настанот ќе започне во 20:00 часот и ќе бидат прогласени победниците на коишто ќе им се доделат и награди во повеќе категории.
Сите заинтересирани граѓани ќе може да ја посетат изложбата во Ликовен салон од утре, па се до 30 септември, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Како што велат од Стрип центар на Македонија „Велес“, оваа манифестација е единствена во Македонија и е во организација на стрип центарот и Општина Велес.
Инаку, во истиот период, во Спомен – куќата на Касапови, од 22-25 септември ќе се одржи четвртата Стрип колонија „Велес 2022“. Оваа колонија е втора во Европа од ваков тип и учество ќе земат петнаесет стрип артисти како од Македонија така и од Србија, Романија и Албанија.
Истата е отворена за сите посетители.
Стефани Манева