Угостители пријавени, винарии и уметници обезбедени за годинешната „Питијада 2022“ (фото + видео)
Објавено на 27 септември, 2022 во 16:22
Привршуваат подготовките за традиционалната манифестација „Питијада 2022“. Од седми до девети октомври, на централната градска улица „Благој Ѓорев“ по неколку годишна пауза повторно ќе се продава велешката пастрмајлија и вино, додека, сладокусците ќе уживаат во музичка програма со македонски фолк и поп ѕвезди.
На денешната прес-конференција градоначалникот Марко Колев и претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков соопштија повеќе информации поврзани со годинешното одржување на возобновената гастронмска манифестација по којашто Велес е на далеку познат.
Проследете ја прес-конференцијата што денеска се одржа во Општина Велес и на која Колев и Љутков соопштија повеќе информации за „Питијада 2022“.
Стефани Манева