Велешанец со фалсификувани пари купил два мобилни телефони
Објавено на 3 октомври, 2022 во 10:29
Триесет и седум годишниот М.И од Велес во текот на месец март, претходната година, прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра и ги употребил во два наврати. Министерство за внатрешни работи соопшти дека тој измамил двајца сопственици на мобилни телефони коишто ги огласиле своите телефони за продажба. Велешанецот со фалсификувани банкноти ги платил мобилните телефони со што парите ги пуштил во промет.
Единицата за економски и компјутерски криминал при Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против велешанецот за сторено кривично дело ,,измама” од чл.247 ст.1 и кривично дело ,,фалсификување пари” од чл.268 ст.1 од КЗ.
Стефани Манева