Кавадарчанец украл повеќе предмети од товарно возило
Објавено на 15 ноември, 2022 во 10:56
Четириесет и осум годишниот Е.М од Кавадарци, се сомничи дека на 03 ноември, годинава, одзел повеќе предмети од товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на педесет годишниот Д.Д од Кавадарци.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека одземените предмети биле пронајдени и биле вратени на сопственикот Д.Д.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера, во 16:40 часот го лишиле од слобода Е.М и го привеле во Полициска станица Кавадарци.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк