Изложба на македонскиот стрип во Урошевац, Косово

Објавено на 16 ноември, 2022 во 09:39

Велешанецот Томе Трајков, културен работники и стрип промотер на покана од Здружението „HITHI“ од Урошевац,  присуствуваше на одредени активности организирани од самото здружение. Трајков вели дека со ова здружение има повеќегодишна соработка и неговата заложба на територија на Косово овозможува да се анимираат младите кон светски познатата 9-та уметност.

– Најнапред во локалната  гимназија одржав кратко предавање на тема „ СТРИП-СУШТИНА, ИСТОРИЈА, РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ И НА ОВИЕ ПРОСТОРИ“.  Додатен квалитет  е  спремноста на наставниот кадар да ги анимира младите таленти преку учество на стрип конкурси и други популарни активности. Во Домот на култура се отвори изложба на современи македонски стрип автори,преку јавен  повик и обезбедени авторски права . Од застапените македонски стрип автори најнапред да го споменеме  стрип мајсторот Игор Јовчевски, па велешаните  Лазар Ангелков,  Илко Стојановски , Оливер Цветковски, Васил Гаврилов. Потоа Дарко Богданов, Александар Цакоски , Славица Купенкова, Александра и Максим Ристески, Душица Димитровска, Катерина Тери Николовска, Мирко Бојаџиевски  како и младите сили Анастасија Недељковска, , Евгенија Трајковска, Ѓургица Варела,Ана Марија Стефаноска, Јана Бутеска, , Мартина Величковска, Ангела Ајтовска, Елена Апостоловска, Софронија Шарламанов. Како сценаристи на изложбата беа застапени Ване Трајков и Александар Стеванов, додаде Трајков.

Според Трајков, здружението „HITHI“ Коприва, има солиден тимски капацитет да биде достоен партнер во организирање на стрип проекти на меѓународно ниво.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.