Изложба на македонскиот стрип во Урошевац, Косово
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/11/ferizaj-6-1024x683.jpg)
Велешанецот Томе Трајков, културен работники и стрип промотер на покана од Здружението „HITHI“ од Урошевац, присуствуваше на одредени активности организирани од самото здружение. Трајков вели дека со ова здружение има повеќегодишна соработка и неговата заложба на територија на Косово овозможува да се анимираат младите кон светски познатата 9-та уметност.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/11/ferizaj-36-1024x740.jpg)
– Најнапред во локалната гимназија одржав кратко предавање на тема „ СТРИП-СУШТИНА, ИСТОРИЈА, РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ И НА ОВИЕ ПРОСТОРИ“. Додатен квалитет е спремноста на наставниот кадар да ги анимира младите таленти преку учество на стрип конкурси и други популарни активности. Во Домот на култура се отвори изложба на современи македонски стрип автори,преку јавен повик и обезбедени авторски права . Од застапените македонски стрип автори најнапред да го споменеме стрип мајсторот Игор Јовчевски, па велешаните Лазар Ангелков, Илко Стојановски , Оливер Цветковски, Васил Гаврилов. Потоа Дарко Богданов, Александар Цакоски , Славица Купенкова, Александра и Максим Ристески, Душица Димитровска, Катерина Тери Николовска, Мирко Бојаџиевски како и младите сили Анастасија Недељковска, , Евгенија Трајковска, Ѓургица Варела,Ана Марија Стефаноска, Јана Бутеска, , Мартина Величковска, Ангела Ајтовска, Елена Апостоловска, Софронија Шарламанов. Како сценаристи на изложбата беа застапени Ване Трајков и Александар Стеванов, додаде Трајков.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/11/ferizaj-12-1024x683.jpg)
Според Трајков, здружението „HITHI“ Коприва, има солиден тимски капацитет да биде достоен партнер во организирање на стрип проекти на меѓународно ниво.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)