Како реагира нашиот организам на прескокнувањето оброци?
Ако некогаш сте прескокнале некој оброк, а тоа им се случува дури и на оние кои се грижат секогаш да појадуваат, ручаат и вечераат, сигурно сте се запрашале што би се случило со вашето тело доколку тоа стане навика.
Што се однесува до редовното прескокнување оброци, истражувачите сè уште собираат докази за потенцијалните долгорочни ефекти врз тежината и здравствените состојби како што се срцевите заболувања и дијабетесот. Но, кои се краткорочните ефекти врз вашето тело кога прескокнувате оброци?
Нивото на шеќер во крвта и енергијата во телото се намалуваат
Редовните оброци во текот на денот го спречуваат падот на енергијата во истиот период и ве одржуваат будни и фокусирани. Ако ги прескокнете оброците, вашето тело почнува да останува без непосредни резерви на гликоза, главното гориво на мозокот.
Ниското ниво на шеќер во крвта може да ви ја намали енергијата, правејќи да се чувствувате успорено и слабо. Недостатокот на гликоза исто така може да го отежне концентрирањето. Други симптоми на низок шеќер во крвта можат да вклучуваат треперење, потење и раздразливост.
Чувство на голема глад и прејадување
Кога не јадете доволно често, може да се чувствувате целосно обземени од потребата да јадете нешто. Тешко е да размислувате за нешто друго освен за храна кога вашето тело нема доволно енергија.
Ова чувство не е добро ниту за продуктивност на работа, дружење со пријателите и општо задоволството во животот. Ако останете без храна подолго време, вашите преференции за храна се менуваат и кога ќе станете многу гладни.
Гладните луѓе често имаат тенденција да јадат јаглехидрати и слатки бидејќи тоа им го зголемува шеќерот во крвта и им дава брз поттик на нивното расположение. Проблемот е што ова трае само кратко, освен ако не додадете масти, протеини или влакна во вашата исхрана покрај јаглехидратите за да го ублажите скокот на гликозата. Од тоа следи дека наскоро повторно ќе бидете гладни.
Ако сте премногу гладни, поголема е веројатноста дека ќе се прејадете за да го надоместите недостатокот на храна што сте ја пропуштиле во текот на денот. Прејадувањето може да предизвика и гадење, запек, надуеност и исцрпеност.
Потешкотии во концентрацијата и послаби физички перформанси
Недостатокот на храна се одразува и на физичката активност и вежбањето. Кога вежбате, тешко ви е да се концентрирате на оваа активност доколку сте гладни. Дополнително, ако не се храните правилно пред тренингот, ќе имате помала корист од тренингот отколку инаку.
Истото важи и ако не добиете соодветен оброк после тренингот, бидејќи вашето тело не може да го надополни нивото на гликоген (за што се потребни јаглени хидрати) и мускулите (за кои се потребни протеини).
Накратко, ако сте многу физички активни, никогаш не е паметно да прескокнувате премногу оброци. Во суштина, експертите препорачуваат да јадете барем на секои неколку часа во текот на денот, пренесува City Magazine.