Железници повторно има струја, Владата ќе го плати долгот

Објавено на 15 декември, 2022 во 12:58

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше таква опасност со огле д дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека струјата во Клиничкиот центар нема да биде исклучена.

-Клинички нема да биде исклучен. Струјата во Железници е вратена, рече премиерот.

Тој истакна дека Владата предвиде средства и штом Собранието ќе ја направи прераспределбата на средствата во Буџетот, ќе се платат сметките на должниците.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.