Сончево и топло време денеска а од утре се враќаат пеколните температури
Објавено: 19 август, 2026, во 08:20 часот
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Дума.мк



