Одбележани 34 години од формирањето на македонската Армија во Команда за обука и доктрини во Велес 

Објавено: 17 август, 2026, во 14:52 часот

Командата за обука и доктрини има свое значење и место во развојниот пат на македонската Армија. Тоа се препознава преку обученоста и подготвеноста на секој војник, подофицер и офицер кој поминал низ системот на професионална обука. Индивидуалниот развој на војниците, развојот на доктрините, правилата и упатствата, изучувањето на Англискиот јазик, развојот на Системи на научени лекции, користењето на современите симулациски системи и платформи се само дел од придонесот на Командата за обука и доктрини во јакнењето на капацитетите и оперативните армиски системи, рече полковник Дарко Стојкоски – заменик командант на КОД на денешната свеченост по повод 34 годишнината од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија.

Да се биде припадник на македонската армија е гордост која што граѓаните умеат да ја наградат искажувајќи и најголема доверба во системот. Денеска во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ на свеченоста за одбележувањето на денот на Армијата  – 18 август со решенија на министерот за одбрана Владо Мисајловски како и на .началникот на Генералштабот на Армијата- генерал Сашо Лафчиски беа наградени 62, унапредени 3 и пофалени 4 припадници на Командата за обука и доктрини. Тие се офицери, подофицери и граѓански лица ангажирани во армијата

На свеченоста на КОД присуствуваа голем број на гости, градоначалници, преседател на Совет, раководители на локални институции во Велес како и претставници на верските заедници.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.