Пожарникарите на ТППЕ Велес го спасија село Карабуниште од крак на пожар

Објавено: 17 август, 2026, во 16:16 часот
Фото: Архива

Четворица пожарникари на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес со едно противпожарно возило денеска од 7:00 до 15:00 часот го гаснеа кракот од шумскиот пожар кој се издвоил од неколкудневниот помеѓу општините Велес и Зелениково поточно помеѓу село С’лп, и месност викана Горно Село и се проширил кон село Карабуњиште. Таму горела ниска вегетација, дабова и габерова шума како и квалитетна дабова шума.

Огнот  преставувал опасност за селото, соопштија од ТППЕ Велес.

Како што појаснија, пожарот кој се движеше кон село Карабуништа е само еден од краците од големиот шумски пожар кој веќе неколку дена беснее со неколку крака и зафаќа голем реон со квалитетна непристапна дабова шума. Поради густата шума се уште беснее крак од овој пожар на потегот од  велешкото село Бузалково кон планината Бреза.

Еден крак со густа непроодна дабова шума веќе неколку дена гори и на потег од планината Бреза кон село Добрино, скопско.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.