Нови дојави за поставени бомби во училишта
Сабајлево во 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.
-Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението од МВР.
Минатата недела дојави за бомби имаше речиси секој ден во училиштата во Скопје, а закани беа испратени и до две училишта во Куманово и четири во Прилеп. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори.
Досега, како што информираше МВР сите дојави за бомби се лажни.
Дума.мк