Украинското знаме поставено до македонското пред зградата на МВР во знак на солидарност
Објавено на 24 февруари, 2023 во 10:09
Денеска навршува точно една година од започнувањето на инвазијата од големи размери на Русија против Украина, потсети на својот профил на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„По тој повод, а во знак на поддршка и солидарност со Украина и украинскиот народ, украинското знаме е поставено до македонското знаме на јарбол пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија“, наведе Спасовски.
Дума.мк