Овчар пронајден починат во населба Превалец
Објавено: 10 април, 2023, во 14:01 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 20:45 часот, од страна на Итна медицинска помош, било пријавено дека во населба Превалец во Велес починал шеесет и пет годишниот Д.М од Прилеп, кој бил ангажиран како овчар.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Велес и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Стефани Манева



