Започна исплатата на априлските пензии

Објавено на 25 април, 2023 во 09:43

Од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец април, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 28.04.2023 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 април (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, додаваат од МТСП.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.