Словенски археолози открија средновековни гробови во местото Тишина
Тим на археолози од Музејот Помур во Словенија откриле средновековни гробови во местото Тишина, први од таков вид во северноисточниот дел на Помур.
Досега се идентификувани 50 гробови, иако тие проценуваат дека ги има околу 100 -на, наведува STA.
Најзначајниот артефакт пронајден во гробовите биле различните типови на женски накит, главно украси за коса и прстени. Само Санковиќ, водичот на арехеолошкиот тим, изјавил дека пронајдените предмети припаѓаат на времето „белобрдската култура“ која ја населувала Панонската низина помеѓу 10 -ти и 12 -ти век.
Откриените гробници и новите факти поврзани за настанокот и средновековната историја на словенскиот град Тишина. Тие за прв пат се спомнати во пишувањата документирани 1347 година, а ова откритие го поместува неговиот настанок за уште најмалку 300 години порано.
Експертите кои го спровеле деофизичкото истражување во локалните цркви откриле дека под неа може да се крие уште една постара црква која датира од истото време како и гробниците. Минатата година откриени се средновековни и модерни гробови во должина на северниот и јужниот ѕид од црквата Раѓање на Марија, а ископнини моментално се прават помеѓу 30 до 50 метри северно од црквата.