Системот да почне вистински и навремено да ги забележува лицата со попречености (фото и видео)

Мајка на маж на 40 годишна возраст,лице со ментална попреченост, освен туѓа нега не користела друг вид на државна помош затоа што од државни административни работници и било кажано дека семејната земјоделска фирма и сопругот како директор биле пречка нивниот син да ги користи. Сестра на лице со попреченост неможе да го придружува на бесплатна бањска 21 дневна рехабилитација бидејќи комисиската потврда не ја признаваат бањите и од неа бараат да плати за сопствениот престој. Седумдесет и две годишна мајка и четири години постар татко на 48 годишна жена со попреченост повеќе неможат да го симнуваат сопственото дете по скалите од зградата која нема пристапна патека а не лифт но неможат да се помират со животот во четири ѕида на ќерка си. Овие и многу други животни приказни се на наши сограѓани кои живеат во стан или куќа до нашата, во нашето маало или улица, во нашиот град. И не се досега раскажани. Поточно не се видливи ни за локалните и за национални институции ниту за државата.

Далиборка Златева од Здружението на лица заболени од церебрална парализа и други попречености ја објаснува причината зошто уште со две граѓански партнер организации, од Неготино и од Кавадарци, започнаа да реализираат двегодишен проект за да ги направат видливи овие невидливи луѓе.

На двочасовната дискусија беа слушнати многу проблеми на родители или роднини на лица со попреченост за коишто Душко Христов вели дека ќе бидат сублимирани и ставени на институционално решавање.


„Соочување со предизвиците и стигматизација“ е проект финансиран од швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас.
Убавка Јаневска
