Почина девојчето кое беше тешко повредено во масакарот во Белград
Објавено на 15 мај, 2023 во 13:21
Девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, почина утрово на Универзитетската детска клиника во Тиршов, соопшти српското Министерството за здравство.
Девојчето се здобило со тешки повреди на главата опасни по живот во страшниот напад во училиштето. Таа им подлегна на тешките повреди и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување.
Таа е десетата жртва на масакрот што го изврши Коста К. кој уби осум ученици и чуварот на училиштето.
Дума.мк