Лишен од слобода маж за закана со нож кон сопругата
Објавено на 9 јуни, 2023 во 14:01
Четириесет и пет годишниот Д.Ј од велешко село вчера, околу 15:00 часот ги упатил заканите со остар предмет кон својата сопруга. Поради тоа бил пријавен во Полициска станица Велес.
Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода.
Заканувачот бил задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Убавка Јаневска