(ВИДЕО) Возач на лада во Сибир проби ограда и остана неповреден
Објавено на 13 јули, 2019 во 23:52
На руската социјална мрежа “ВКонтакте” се појавиле две видео снимки кои покажуваат како еден автомобил се превртел на неверојатен начин на паркинг во Омск.
Возачот при голема брзина ја пробил оградата, што резултирало со тоа автомобилот два пати да се преврти во воздух, а потоа само “одлетал” напред.
Како што пренесуваат локалните медиуми, возачот по застрашувачкото превртување најнормално го напуштил паркингот, не се здобил со сериозни повреди и воопшто не побарал лекарска помош.
Полицијата се обидува да го утврди идентитетот на возачот.
{vembed Y=6AFNKrcpxLE}